2025
- Шеста година по ред е најпродаван писател во Македонија.
- Со средствата од продажбата од „И јас сум Сирма” ќе се издаде читанка за сите македонски деца што живеат во дијаспората и во соседните земји како малцинство.
2025
2024
2024
- Станува Vice President Operations & HR во најголемата светска компанија за Gaming – Aristocrat.
- Сите средства од продажбата на „Цепај сине” ги донира за изградба на библиотека и игротека „Соба на бајките” при Детската клиника во Скопје.
- Ја издава контроверзната сага „И јас сум Сирма” со која е, петта година по ред, најпродаван автор во Македонија. Следи мега мултимедијална промоција на која присуствуваат преку 1.200 книгољупци. Целиот приход и од ова издание оди во добротворни цели.
2023
- Ја издава книгата „Цепај сине” која е повторно најпродавана книга во Македонија. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели. Автор е на спотот за истоимената песна.
2023
2022
2022
- Ја издава книгата „Џабе живиш у Скопје” која е најпродавана книга во Македонија. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели. Автор е на спотот за истоимената песна која е најслушана на радио станиците за 2022 година.
2021
- Ја издава книгата „Торонто Експрес” која повторно е најпродавана книга во Македонија. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.
- На негов текст се поставува монодрамата „Торонто Експрес” во Македонскиот Народен Театар. Ги оборува сите рекорди и станува најгледан моноспектакл во историјата на Македонија.
2021
2020
2020
- Го издава романот „Тито - мојот претпоследен” кој се печати во повеќе тиражи и е најпродавана книга во Македонија. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели. Истата година е прогласен за најголем донатор на „СОС Детско село”.
2019
- Се вработува во интернационалната компанија BtoBet на позиции COO и MD.
2019
2018
2018
- Стартува со њуз агрегатори во 3 соседни земји и ја лансира апликацијата MyNewz.
2017
- Ја основа најголемата и највлијателна медиумска групација „Clip Media Group”, составена од 7 њуз портали, 1 агрегатор на вести, 1 новинска агенција и 2 ТВ студија.
2017
2015
2015
- Фондацијата „Македоника” станува првата и единствена невладина институција од Македонија која е мапирана од UNESCO, додека официјалните институции не покажуваат никаков интерес за благородната дејност за зачувување на македонското културно наследство.
2013
- Ја основа Фондацијата „Македоника” каде бесплатно се објавуваат преку 2.000 бесплатни е-книги за кои Фондацијата ги регулира авторските права.
2013
2012
2012
- Ја издава меганосталгичната книга „Некогаш некаде”, каде ја опишува својата Атлантида. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.
- Кај него дома се беатифицира ликот на Јосип Броз и славата „Свети Тито” станува заштитник на неговиот дом.
2011
- Ја гради најексклузивната зграда во Скопје со 96 стана.
2011
2010
2010
- Се сели назад во Македонија.
2009
- Ја издава мегадаунлодираната книга „Тибам штркот”, каде го опишува својот печалбарски живот. Книгата е печатена во два тиража и има повеќе од 150.000 симнувања. Целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.
2009
2008
2008
- Ја основа компанијата tell-e-com со седиште во Торонто. Продукти: IP телефонија и IPTV телевизија наменети за македонските дијаспорци.
2007
- Влегува како партнер во Roalca Inc. - канадска компанија за мега-проекти од областа на аудио, видео и конференсинг системи.
2007
2006
2006
- Се сели во Торонто, Канада.
2005
- Влагува како партнер и инвеститор во фабриката за производство на кади, туш-кабини и џакузија „Luxor Aquamatic”.
- Станува акционер и член на Бордот на директори на ИК Банка и активно учествувам во продажбата на Halk Banka.
2005
2004
2004
- Станува партнер во рестартирањето на гигантот „Порцеланка” каде почнува со производство на врвни керамички плочки, но за жал не наоѓа заеднички јазик со партнерите.
- Заедно со 17 ентузијасти, во Демир Капија ја основа и гради винарската визба „Попова кула”.
2003
- Влегува како парнер во слаткарницата „Итар Пејо” што го држи рекордот во производство на еклери - 12.000 дневно. Главни клиенти му се армијата и полицијата.
2003
2002
2002
- Гради зграда во Ново Лисиче со Македонската православна црква како партнер.
1999
- Основач е и Генерален директор на најголемата печатница во Македонија - Графички Центар Скопје, каде се печатат сите дневни весници во државата. Компанијата набргу влегува во 200 најголеми и најуспешни македонски ентитети.
1999
1998
1998
- Креатор е на првиот кириличен драјвер за Apple.
1996
- Не е за фалење, но отвара компанија со телефонски линии за секси приказни.
1996
1995
1995
- 1995 година е прогласен за Менаџер на годината во областа на културата и медиумите.
1994
- Продуцент е на шоуто „Џандар збира” кое е прогласено за најгледано во историјата на Македонија.
1994
1993
1993
- Отвара фирма за шверцувани компјутери од Бугарија и Сингапур „Pro Computers”.
1991 - 1992
- Изданијата на издавачката куќа „M” стануваат најпродавани во Македонија.
- Ја основа првата маркетинг агенција во Македонија - Times Advertising.
- Го основа Револуционерното репро-студио „Цајтна”.
- Основа Мid-size печатница во партнерство со една Словеначка компанија.
- Ја основа првата дистрибутивна и колпортерска мрежа за продажба на весници и списанија „Мозаик”.
- Отвара Free Shop за ситна техничка стока во центарот на Скопје
1991 - 1992
1990
1990
- Ја основа првата приватна издавачка холдинг компанија во самостојна Македонија НИП „М” каде што е CEO и Претседател на Управен одбор.
- Стартува со продажба првиот приватен весник во Македонија „Огласник M”
1989
- Се жени и немајќи пари да го прехрани семејството продава весници на плоштад и на автопазар, како и табли јајца во зградите во Капиштец.
- На сите саеми и панаѓури изготвува биоритам за ефтини пари. Целиот софтвер го има изработено сам, вклучувајќи ги и драјверите за матричен Epson печатач.
- Истата година со автобус оди за Макарска каде ја отвара својата прва компанија за игри на среќа, заработува одлично, но само по неколку месеци хрватските власти му го затвораат бизнисот.
1989
1985
1985
- Џабе запишува и учи факултет, затоа што никогаш нема да работи на струката.
1984
- Освојува осмо место во пливање на армиското првенство на базенот Ташмајдан во Белград. Се натпреварува против седум далматинци. (Важна напомена е дека имало вкупно осум натпреварувачи).
- Освојува прва награда од публика на Музичкиот армиски фестивал во Ќуприја и покрај тоа што нема ни грам слух.
- Добива наградно отсуство како најдобар нишанџија на топ Т-100 во војна пошта 1626.
1984
1982
1982
- Во гимназија заработува џепарлак како ситен шверцер на фармерки и евтини парфеми од Трст, Италија. Поминува повеќе од 2.000 км со воз за четири пара фармерки.
1980
- Ја добива „титулата” Ученик на генерација во осмо одделение. Како награда му доделуваат собрани дела од Толстој.
1980
1979
1979
- Освојува трето место на републички натпревар по математика во седмо одделение.
- На свои 14 години станува републички првак во скок во височина на Мали олимписки игри со прескокнати 168 cm.
1972
- На седумгодишна возраст прв пат се пушта по најстрмната ски-стаза на Балканот - Церипашина на Шар Планина.
1972
1965
1965
- 52 cm и 3,550 gr.