Подари книга

Оваа Нова година, подарете приказна што продолжува.

Го знаеме името. Но дали го познаваме човекот?

Гоце Делчев е дел од нашата историја и од нашата колективна меморија. Но зад големото име стоел човек – со своите љубови, сомнежи, стравови и соништа.

Токму тој човек оживува на страниците на романот „Гоце Делчев – Љубов и смрт“.

Оваа Нова година ве покануваме да им подарите на вашите деловни партнери, клиенти, соработници и пријатели нешто повеќе од книга. Подарете им приказна за човекот, за љубовта и за Македонија.

А вашиот подарок може да има уште поубаво продолжение.

Заедно со издавачката куќа „Арс Ламина“, подготвуваме буквар-читанка што бесплатно ќе им ја подаруваме на македонските деца во дијаспората и во соседните земји. Со корпоративна нарачка на романот ја поддржувате подготовката, печатењето и дистрибуцијата на ова издание.

Со една книга подарувате приказна за Гоце и помагате едно дете, далеку од Македонија, да ги научи првите букви на мајчиниот јазик.

Од една книга до многу добри дела

Уште од мојата прва книга, одлучив приходите од продажбата на моите книги да ги донирам во добротворни цели. Благодарение на читателите и партнерите, досега се реализирани многу проекти, меѓу кои:

  • Донација за СОС Детско село Македонија.
  • Изградба и опремување на „Соба на бајките“ – игротека со библиотека при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Како да се вклучите?

Изберете 20, 30 или повеќе примероци од „Гоце Делчев – Љубов и смрт“ за вашите новогодишни подароци.

Доколку сакате, можете да изберете и други наслови од моето творештво.

Не бараме донации. Ве покануваме да подарите книга – убав подарок за вашите блиски и поддршка за една хумана мисија што продолжува далеку од Македонија.

За количини, услови за корпоративни нарачки и испорака, контактирајте ја „Арс Ламина“ на +389 78 303 442.

Подарете книга што ќе остане. И помогнете еден јазик да продолжи да живее.

Со почит,
Зоран Спасов Ѕоф

Во соработка со „Арс Ламина“

Изберете книга за подарок

Тито – Мојот претпоследен херојТоронто ЕкспресЏабе живиш у СкопјеЦепај синеИ јас сум СирмаГоце Делчев – Љубов и Смрт